Денеска на градските гробишта во Бутел ќе биде погребан познатиот неврохирург Јовица Угриновски.
Како што објавија од приватната болница „Неуромедика“, приемотво капелата ќе биде овозможен од 13:30 часот, а закопот ќе биде извршен во 14 часот и 30 минути.
Докторот почина вчера 77-годишна возраст по тешко боледување.
Министерот за здравство, Беким Сали изрази длабоко жалење, а истото го стори и неговиот претходник, Венко Филипче.
Угриновски е роден 1945 година во Скопје. Специјализирал неврохирургија во Скопје во 1975 година, по што завршил три постдипломски курса по неврохирургија во Монпелје (1977), Манчестер (1978) и Братислава (1981), магистрирал (1978) и докторирал (1986). Придонел во воведувањето на проспективниот предвидувачки скоринг-систем во неврохирургијата и методот на премостување на крвните садови во мозокот.
Во 1996 година, Угриновски беше и кандидат за градоначалник со поддршка на СДСМ.