Спасовски за случајот со син на функционер: Кој сака нека е, одговорност мора да има ако направил прекршок

од Nikola Popovski
232 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека полицијата го истражува случајот, кој го објавија дел од медиумите дека син на функционер на МВР бил запрен по бегство од полициска патрола поради нелегално користење флешери, но полицајците го пуштиле.

-Ова е прашање кое не се заснова на факт и најдобро е да ги почекаме сите аргументи, факти кои што се однесуваат на процесот и тоа да го пласираме во јавноста. Во текот на денот ќе излеземе со конкретна информација што се однесува за овој случај и ќе ги знаеме сите податоци и факти. Тие факти не соодветствуваат со вашите шпекулации, рече Спасовски како одговор на новинарско прашање.

Според министерот, одговорност мора да има за тој што направил прекршок.

-Кој сака нека е, дали е министер, директор, новинар, ќе има одговорност, додаде Спасовски.

Вчера беше објавено дека син на функционер на МВР нелегално користел флешери и бегал од полициска патрола, но откако полициските службеници успеале да го сопрат го пуштиле со тврдење дека станува збор за службен автомобил на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР). Според информациите, станува збор за К.Б., син на заменик-министерот на МВР.

Слични содржини