Експлозија одекна во aмбасадата на Украина во Мадрид, едно лице е повредено, јавува „Ројтерс“, повикувајќи се на полицијата.
Надзорните камери ја снимиле експлозијата во која е повреден вработен во амбасадата додека држел писмо кое пристигнало на адресата на амбасадата, соопштија полициски извори.
Вработениот бил полесно повреден и сам се превезол во болница во Мадрид.
🔴 Se ha registrado la explosión de un artefacto en la embajada de Ucrania en Madrid.
Un empleado ha resultado herido leve cuando manipulaba un sobre.
⭕ En DIRECTO en el #Canal24Horas
🔸 https://t.co/0Ix6dDasm5 pic.twitter.com/BkBqaww09F
— RTVE Noticias (@rtvenoticias) November 30, 2022
Амбасадата веднаш ја известила шпанската полиција за експлозијата, по што бил активиран антитерористичкиот протокол, а полициските сили го опколиле просторот околу зградата на амбасадата.
На лице место е специјализиран тим за отстранување експлозиви.
Засега од амбасадата не сакаа да го потврдат настанот, ниту да дадат изјави во врска со истиот.