Американскиот милијардер Елон Маск рече дека очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип развиен од неговата компанија Neuralink да започнат на луѓе во рок од шест месеци, иако претходните рокови се пропуштени.
Neuralink развива мозочни чипови кои се дизајнирани да им овозможат на луѓето со парализа да ги вратат моторните функции и да лекуваат мозочни заболувања како што се Паркинсоновата, Алцхајмерова болест или деменција.
Компанијата спроведе тестови на животни во последниве години додека чекаше одобрение за тестирање на луѓе од американската Администрација за храна и лекови (ФДА), пренесува „Ројтерс“.
„Сакаме да бидеме крајно внимателни и да се погрижиме добро да функционира пред да го ставиме уредот во човек, но мислам дека го доставивме најголемиот дел од нашата документација до FDA и веројатно за околу шест месеци треба да добиеме дозвола да го тестираме чипот на луѓе“, рече Маск за време на презентацијата во седиштето на Neuralink која траеше речиси три часа.