136
Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан објави дека САД работат на нов пакет санкции насочени кон Северна Кореја.
Саливан изјави дека американската администрација спроведува политика на „притисок и дипломатија“ со цел да се постигне крајната цел за целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров, пренесува ТАСС.
Тој додава дека САД се свесни за предизвиците со кои се соочуваат и за тешкотиите во постигнувањето на крајната цел што ја делат со своите најблиски сојузници.