ЕУ: Да се забрза процесот на проширување за Западен Балкан, Белград и Приштина да бидат конструктивни

од Stefanija Kuzmanovska
140 прегледи

Европската унија денеска ја потврди својата недвосмислена посветеност на перспективата за членство на земјите од Западен Балкан и сака да го забрза тој процес, се вели во нацрт-декларацијата што ќе биде усвоена на самитот Западен Балкан – ЕУ на 6 декември во Тирана.

Во нацртот на декларацијата, до која „Танјуг“ имаше пристап, се дава целосна поддршка на напорите на високиот претставник на ЕУ и специјалниот пратеник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Жозеп Борел и Мирослав Лајчак, за посредување во дијалогот и барање решенија за други регионални прашања.

„Конкретен напредок кон сеопфатен и правно обврзувачки договор за нормализација на односите“ се очекува од Белград и Приштина, а ЕУ повторува дека очекува „сите минати договори целосно да се почитуваат и имплементираат без одлагање“.

Слични содржини