Американскиот апелационен суд во Атланта го поништи судиското именување за независен арбитер за преглед на документите запленети од ФБИ од домот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Флорида и дозволи сите записи да се користат во кривичната истрага против него.
Комитетот од тројца судии, кој пресуди во корист на Министерството за правда, исто така ја поништи претходната судска одлука да им се забрани на истражителите пристап до повеќето запленети документи, објави „Ројтерс“.
За време на претресот, агентите на ФБИ заплениле околу 11.000 документи, меѓу кои и околу 100 означени како „доверливи“.