Ослободени повеќе од 1.300 украински заробеници, Зеленски вети: „Украина ќе биде слободна“

од Stefanija Kuzmanovska
201 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека повеќе од 1.300 Украинци се ослободени од руско заробеништво од 24 февруари, кога започна војната.

Во видео-обраќање, Зеленски рече дека уште 50 Украинци биле донесени дома од руско заробеништво, со ветување дека ќе ги вратат сите други.

„Цела Украина ќе биде слободна. Сите Украинци ќе бидат дома“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател истакна дека е одржан состанок на Советот за национална безбедност и одбрана на кој „се разговарало за бројни факти за поврзаноста на одредени верски кругови во Украина со државата агресор“.

„Сите тела одговорни за обезбедување на националната безбедност мора да ги интензивираат мерките за идентификување и сузбивање на субверзивните активности на руските специјални служби во религиозната средина на Украина“, додаде тој.

Слични содржини