„Можеби во овие земји има приврзаници на Русија, но сепак тие не одат таму и не мигрираат таму, туку избираат западни земји каде го продолжуваат образованието, работат и ги ценат западните вредности каде се почитуваат човековите права, вредностите, заштитата и правата на секој граѓанин. Ако нашите земји не се приклучат кон ЕУ, граѓаните сами ќе станат дел од Унијата“, изјави Самир Бехариќ, претставник на иницијативата „Балкан Форум“ во Босна и Херцеговина, кој учествуваше на дводневната конференција на мрежата „Logex“, цитиран од „ЦИВИЛ“.
Според Бехариќ постои сериозна закана за мирот и безбедноста ако продолжат заканите со бомби во повеќето земји на Западен Балкан, бидејќи постојат политичари кои се коцкаат со мирот и ризикуваат нова војна или конфликт, бидејќи денеска војните може да се водат и без војници, на пример со дронови, како и да е затоа главната цел на Западен Балкан треба да е интеграција во НАТО, а исто така не постои и подобра алтернатива од ЕУ.