Битиќи од Арачиново: СДСМ го реализира концептот „Едно општество за сите“ – тоа е иднината на државата

од Vladimir Zorba
172 прегледи

Ја зголемивме минималната плата, ги зголемивме пензиите, околу 200.000 граѓани добиваат финансиска помош само со вториот пакет мерки, ги помагаме ранливите граѓани, компаниите и работниците, подеднакво, тоа се социјалдемократските политики кои водат грижа за сите, порача вечерва на трибината „Силно и одлучно кон иднината” во Арачиново, потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

– Оваа помош и поддршка за нашите граѓани ќе продолжи и во следната година. Со буџетот за 2023 година обезбедивме 100 милиони евра за ново зголемување на пензиите, кои во март ќе пораснат за нови шест отсто. Ќе има и зголемување и на минималната плата за вработените во сите сектори. Предвидени се и 800 милиони евра за капитални проекти, за нови водоводи, канализации улици и патишта низ сите општини во државата, вклучувајќки го и Арачиново. СДСМ покажа дека ги обединува и ги помага граѓаните, порача Битиќи.

Потпретседателот Битиќи додаде дека носители на економскиот раст наредната година ќе бидат капиталните инвестиции, откако има проектирано 52,3% повеќе капитални расходи.

-На среден рок треба да обезбедат позитивни ефекти и реално приближување кон европските економии, рече Битиќи.

Битиќи истакна дека СДСМ го реализира концептот Едно општество за сите, кој се темели на толеранција, социјална правда, еднакви можности и одговорности за сите граѓани.

-Заклучок на сите е дека тоа е иднината на државата, додаде тој.

По 17 години, државата конечно ги започна преговорите за членство во ЕУ, дека тоа значи забрзан развој на земјата, пристап до повеќе фондови, но и нови странски инвестиции, односно отворање на нови и добро платени работни места за младите, додаде потпретседателот на СДСМ вечерва во Арачаиново.

Слични содржини