Договорот на ОПЕК+ останува на сила – потврдени сегашните параметри за производство на нафта

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Од ОПЕК + потврдија дека сегашните параметри на договорот ќе останат на сила, односно дека производството на нафта ќе продолжи да биде намалено за два милиони барели дневно, се наведува во заедничката изјава на учесниците на состанокот.

-Земјите учеснички одлучија да ја потврдат одлуката на 10. министерски состанок на ОПЕК и земјите кои не се членки на организацијата од 12 април 2020 година, која беше одобрена на следните состаноци, вклучително и 19. министерски состанок на ОПЕК плус од 18 јули 2021 година. и 33. министерски состанок на ОПЕК Плус од 5 октомври 2022 година, се наведува во документот.

Следниот министерски состанок на сојузот е планиран за 4 јуни 2023 година. ОПЕК плус, сепак, потврди дека е подготвен да организира состанок во секое време за да донесе дополнителни мерки за стабилизирање на пазарот.

Во мај 2020 година, ОПЕК плус го намали производството на нафта за 9,7 милиони барели дневно, поради падот на побарувачката за овој енергетски производ поради пандемијата. Од август годинава, сојузот премина во последната фаза на напуштање на тоа намалување, но од ноември повторно го намали производството за два милиони барели дневно во однос на нивото кое беше максимално до август.

Потписниците на договорот ја образложија одлуката со неизвесноста на прогнозите на светската економија и соодветно на тоа, изгледите за намалување на побарувачката на нафта.

На крајот на октомври, генералниот секретар на ОПЕК, Хајсам ел Хејс, објави дека ОПЕК плус предвидува вишок понуда на пазарот на нафта во четвртиот квартал од оваа година и на почетокот на следната година, поради што беше повторно одлучено да се намали производството.

Слични содржини