По кој знае кој пат, при својата посета една особено важна политичка личност каква што е господинот Франк Валтер Штајнмаер, претседателот на Германија, не го изостави праќањето на порака до опозицијата: да не се оттргнува од европскиот пат кој земјава го трасира веќе 30 години. Или, да не се остапува од стратешката цел за евроинтеграциите. Претходно, вакви отворени пораки пристигнаа и од други високи претсавници на Унијата, а особено гласни и јасни беа оние на Урсула Фон Ден Лаиен, Оливер Вархеи, Ирхан Кукуќ, но, такви упатства пристигнуваат редовно и од американските дипломати, како и од другите пријателските земји на РСМ, пишува Ана Чупевска за „Трилинг“.
Сите тие ја молат нашата опозиција да не си игра играчки со процесот на проширувањето и со европската перспектива на македонските граѓани. Нема речиси ниту една седмица да пројде без да пристигне опомена до опозицијата или без да биде замолена уважената наша опозиција за битноста на евроинтеграцискитот процес на земјава и за поширокиот безбедносен констекст во врска со тоа. Но, џабе. Опозицицијата не би била опозиција, а да не дејствува крајно неодговорно и загрижувачки неконструктивно по однос на ова прашање. И освен што отворено кокетира со врховистичко мусолинистички фашистички нарации, ова повеќе не е проблем вреден само за нас овде, туку, очигледно постанува проблем и за Унијата, и за САД, и за НАТО (особено после одлуките содржани во Мадридската Декларација од Самиот што се одржа неодамна).
Прашањето на проширувањето што нашата опозиција постојано го става во залог, со што го јакне евроскептицизмот и го условува со избори и со разни други „барања“ и гаранции, накратко станува загрижувачко прашање и за сојузниците на земјава. Дотолку повеќе што, се чини дека се свесни оти со оваа деструктивна позиција, замаскирана со идентитеските прашања (не го даваме името и јазикот, и слични ми ти некои глупости кои не се ни предмет на преговорите, а ниту пак биле) има капацитет за регионален инфектит, а упорно го прави тоа со цел да се факторизира. Колку површно и без визија…Ова оди до таму што дури делуваат спротивно на платформата на сестринските ЕПП, имајќи ја предвид важноста на “безбедноста” во конзервативниот блок.
Целата колумна на следниот линк!