ДУИ: Во Буџетот за 2023 се предвидени 250 милиони евра за Коридорот 8 од вкупно 800 милиони за капитални инвестиции

од Nikola Popovski
119 прегледи

Од Демократската унија за интеграција (ДУИ) информираат дека капиталните инвестиции во Буџетот за 2023 година се предвидени да бидат 800 милиони евра, еден развоен буџет или процентуално изразено 52,3 % повеќе капитални инвестиции во споредба со овогодинешниот буџет.

Капиталните инвестиции се насочени кон инфраструктурни проекти во земјата, но и за поврзување со земјите од регионот со што ќе се обезбеди побрз економски раст и развој, подобри услови за развој на домашните компании и странски инвестиции, вклучувајќи подобар развој на бизнисот, инвестиции во капитални проекти во здравството, образованието, инфраструктурата, земјоделството, заштитата на животната средина, гасификацијата и енергетика.

Демократската унија за интеграција оценува дека во ова време на криза капиталните инвестиции ќе обезбедат подобра иднина и подобар животен стандард за сите граѓани. Со одговорно управување и спроведување, капиталните инвестиции ќе обезбедат непречена транзиција кон закрепнување и развој на економијата.

– Интензивно продолжуваат работите за изградба на железничката линија долж Коридорот 8, 250 милиони евра за изградба на патните коридори 8 и 10-Д, рехабилитацијата на локалните патишта и изградбата на социјални станови во повеќе општини.

– Продолжува гасификацијата во повеќе делови од државата, минатата недела целосно беше завршен гасоводот од влезот на интерконекторот од Бугарија,

– Капиталните инвестиции во земјоделството продолжуваат да обезбедуваат раст на локалното производство, како и поддршка за земјоделците и модернизација на земјоделскиот сектор,
– Во областа на здравството се предвидени капитални инвестиции како изградба и реконструкција на јавни здравствени установи и набавка на медицинска опрема, додека во областа на образованието, детската заштита и спортот – реконструкција на студентски домови, современа опрема и се предвидуваат реконструкции на универзитетите.

– Новиот буџет предвидува продолжување на реализацијата на инвестицискиот циклус во енергетскиот сектор, кој треба да обезбеди зголемување на локалниот енергетски потенцијал,
– Главен приоритет во буџетот за 2023 година е заштитата на животната средина, вклучувајќи изградба на пречистителни станици, канализациони мрежи и воспоставување на регионален систем за управување со отпад и затворање на депониите во источниот и североисточниот регион.