Британски угледен весник го прогласи Зеленски за личност на годината

од Nikola Popovski
212 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е избран за личност на годината во 2022 година, пишува Фајненшл тајмс (ФТ).

– Претседателот на Украина ја персонифицира издржливоста на својот народ и стана знаменитост на либералната демократија. Зеленски исто така стана олицетворение на храброста и истрајноста на украинскиот народ во борбата против руската агресија, го објасни ФТ својот избор.

44-годишникот, како што пишува ФТ, заслужил место во историјата поради извонредното покажување на лидерство и храброст.

– Неговата одлука да остане во Киев наместо да ја прифати американската понуда за евакуација беше еден од најважните моменти во војната, пишува ФТ.

Слични содржини