Русија се согласува со изјавите на американскиот државен секретар Ентони Блинкен за Украина дека резултатот од решавањето на ситуацијата треба да биде праведен и траен мир, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Исходот од она што се случува треба да биде праведен, долгорочен мир – можеме да се согласиме со тоа. Но, што се однесува до изгледите за некакви преговори, во моментов не ги гледаме“, изјави Песков за новинарите, пренесува РИА Новости.
Претходно, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД сакаат мировните преговори за Украина да донесат праведен и траен мир, соопшти агенцијата.