232
Кај Дарувар во Хрватска се урна авион МИГ, неофицијално дознава „Јутарњи лист“.
Со еден пилот бил воспоставен контакт и се чини дека успешно се катапултирал. Потрагата по вториот пилот е во тек, пренесува „Индекс“.
„Авионот МИГ-21 за време на планираната обука се урна во ненаселена шумска област во Вировитско-подравинската жупанија на 6 декември 2022 година нешто пред 14 часот.
Преземени се сите мерки и дејствија за пронаоѓање и спасување на екипажот“, соопшти министерството за одбрана.
Наводно, се јавил едниот пилот, а по другиот се трага.