140
Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша нов закон со кој се забранува одржување на какви било протести на низа локации.
Во текстот на законот се наведува дека на Русите ќе им биде забрането да протестираат во владини згради, универзитети и училишта, како и каде било во близина на цркви, аеродроми, железнички станици и витална инфраструктура, објави државната новинска агенција РИА Новости.
Според претходниот закон, демонстрациите беа забранети во близина на претседателската резиденција, судовите, затворите и службите за итни случаи.
Регионалните власти можат дополнително да воведат дополнителни забрани за протести врз основа на „историски, културни и други објективни карактеристики“.