Владата, на денешната седница донесе Одлуката за користење на неискористените средства од Посебниот фонд за подобрување на условите за вработување и работење на инвалидните лица и за финансирање на мерки за вработување на евидентирани невработени лица, откако во врска со ова, беше разгледана Информацијата од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.
Неискористените средства од Посебниот фонд за подобрување на условите за вработување и работење на инвалидните лица, во вкупен износ од 130.000.000,00 денари, ќе се користат за финансирање активни програми и мерки за вработување евидентирани невработени лица и тоа за активните мерки: Поддршка за самовработување; Субвенционирање плати и Вработување и раст на правни субјекти од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година.