213
Германскиот канцелар Олаф Шолц потврди дека финалната верзија на предлогот за новиот сеопфатен договор е доставена до Косово и Србија, пренесе Коха.
Шолц посочи дека Германија е посветена на напредок во дијалогот.
– Во однос на прашањето за предлозите за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, точно е дека ги развивме. Германија интензивно соработуваше со Европската комисија и Франција, која направи пробив. Затоа, не е чудно што стоиме зад предлозите, кои се тесно координирани и развиени – рече Шолц на прес-конференцијата по Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана.
За либерализацијата на визите за Косово, Шолц рече дека е важно тоа да се случи и дека тоа е добра перспектива.