Полска ќе прифати распоредување на системот за воздушна одбрана „Патриот“

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Полскиот министер за одбрана денеска најави дека неговата земја ќе го прифати предлогот на Германија за инсталирање на противвоздушниот ракетен систем „Патриот“ во Полска.

Германија ја упати оваа понуда на Полска откако залутана ракета падна на полска територија во близина на границата со Украина и уби двајца Полјаци, пренесува АП.

Полска и НАТО се договорија дека украинска ракета паднала врз Полска и ја промашила целта за време на операцијата на украинската воздушна одбрана против руски ракетен напад на 15 ноември.

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак првично изјави дека со „задоволство“ ја поздравува германската понуда, но лидерот на моќната полска владејачка партија, Јарослав Качински, подоцна изјави дека во Украина треба да се инсталира системот „Патриот“, кој Блашчак, како и други полските раководни лица, прифатија.

Блашчак денеска на Твитер напиша дека му е жал што Германија не сака да го инсталира системот „Патриот“ во Украина.

„Бев разочаран. Распоредувањето „Патриот“ во западна Украина ќе ја зголеми безбедноста на Полјаците и Украинците“, напиша полскиот министер за одбрана.

Сепак, тој потврди дека двете страни продолжуваат со „договорите за инсталирање системи за противвоздушна одбрана во Полска“ и нивно поврзување со полскиот команден систем.

Слични содржини