Американскиот Конгрес усвои предлог закон за одобрување дополнителна воена помош за Украина

од Stefanija Kuzmanovska
114 прегледи

Американскиот конгрес го усвои предлог законот за национална одбранбена политика за 2023 година, со вкупна вредност од 858 милијарди долари, врз основа на кој следната година ќе биде испратен нов пакет безбедносна помош во износ од најмалку 800 милиони долари до Украина.

Воената помош за Тајван врз основа на предложениот документ ќе биде зголемена на една милијарда долари и ќе биде испратена во следните неколку години, пренесува „Ројтерс“.

Исто така, Законот ќе дозволи безбедносната помош за Тајван да се зголеми до 10 милијарди долари во следните пет години.