Продажбата на американско оружје на Тајван е кршење на кинеско-американските договори, а исто така ги загрозува мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец, изјави во четвртокот портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи, Мао Нинг.
На брифинг со новинарите во Пекинг, таа рече дека продажбата на американско оружје на „кинескиот регион Тајван“ претставува флагрантно кршење на принципот „една Кина“, како и дека е во спротивност со три кинеско-американски договори, особено оној од 17 август 1982 година, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на ТАСС.
Зголемувањето на оружјето ги поткопува суверенитетот и безбедноста, ги загрозува мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец и испраќа лажни пораки на охрабрување до тајванските сепаратистички сили, рече Мао.