Од денеска блокада на превозниците само на „Илинденска“ пред Градското собрание

од Nikola Popovski

И денеска продолжуваат блокадите на приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, но со значајна промена со оглед на тоа што ќе бидат само на булеварот „Илинденска“ во двете ленти. Со тоа од 10 часот утринава, приватниците ќе ги ослободат за движење крстосниците кај ТЦ „Мавровка“ и Црвен крст.

„Имавме координација со кооединативното тело на приватните превозници. После вчерашната прес-конференција во Градот Скопје, еден таков дебакл, една таква срамота и брука што е направена, се повеќе излегуваат на виделина аргументите кој е главниот виновник за состојбава, кој е главниот виновник што граѓаните на Град Скопје ни криви, ни должни мораат да го трпат сето ова, која е главниот виновник што не сме исплатени, кој е главниот виновник за хаосот во сообраќајот? Тоа е директно градската управа, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Се повеќе нашиот револт се насочува и се фокусира кон управата на Град Скопје“, рече вчера на прес-конференција Кемал Муриќ од „Слобода превоз“.

Околу 200 автобуси на приватните превозници и денеска, петти ден по ред, продолжуваат да блокираат.

Приватните превозници бараат од Град Скопје да им исплатат долг од над 90 милиони денари, додека во меѓувреме, градските власти ги отфрлуваат наводите дека им должат пари на компаниите.

Слични содржини