Петковиќ: Приштина подготвува окупација на северот на Косово

од Vladimir Zorba
377 прегледи

Директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денеска оцени дека Приштина „со незаконски и насилни дејствија ја подготвува окупацијата на северот на Косово и создава простор за насилно наметнување“ одржување на избори.

Како што е соопштено, Петковиќ разговарал за безбедносната ситуација на средбата со шефот на мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Косово, Мајкл Девенпорт и посочил дека Белград ниту сака, ниту презема чекори кои можат да доведат до тензии и нови кризи.

Петковиќ потсети дека косовската полиција вчера го конфискувала виното во Велика Хоча, а го спомена и влегувањето на вооружена полиција во градинката во Лепосавиќ и меѓу 300 и 350 полицајци во северниот дел на Косовска Митровица, како и изборот на претседател на Прогресивната демократска партија, Ненад Рашиќ, како министер за заедници и враќање во Владата на Косово.

Петковиќ изјави дека Белград ја поддржува работата и активностите на Мисијата на ОБСЕ на полето на заштитата на правата на Србите и другите неалбански заедници на Косово, но оцени дека тие треба да бидат поинтензивни и побара ОБСЕ јавно да се огласи за овие настани.

„Во спротивно, последните настани во покраината се закануваат дека целосно ќе го закопаат Бриселскиот договор и ќе го поништат сето досега договорено, но и ќе доведат до сериозна закана за мирот и опасна дестабилизација на регионот, што Белград воопшто не го сака“, рече Петковиќ.

Слични содржини