Азески: Работите мора да се поттурнат во спротивно остануваме на Балканските меѓници кои не се ништо подобри од 1991 година

од Vladimir Zorba
254 прегледи

„За минатава недела, долго време ми беше планирана посетата на Брисел седиштето на НАТО, ЕУ и кралството Белгија каде Стопанската комора на Македонија планира отворање на своја канцеларија. Поради пандемијата доста време не бев бил таму да ги посетам нашите партнерски организации. Пред се мислам на Европската комисија каде имав закажано средби околу Коморскиот инвестиционен форум на Западен Балкан, Еурочемберс (седиштето на Европската комора), ГС1 глобалниот систем за следливост, и се разбира посета на ЦЕФТА неделата која се одржува таму наместо во Молдавија“, пишува Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија.

„Tеми на разговорите требаше да бидат: циркуларната економија, дигиталните пасоши со секој производ, воведувањето на 2Д баркодовите и сите суштински промени кои ќе ги определат правилата на игра на економијата во наредниот период. Зошто ова беше потребно? Бидејќи кај нас дигитализацијата е се уште во најава, зелената агенда утопија, фомирањето кадар во безидејност и робувањето на традициите и историјата во изобилие. На регионално ниво висока задолженост, ниско ниво на размена и можна војна за регистарски таблички. На континентално ниво класична војна, а на интерконтинентално гладување и умирање во половина свет.

Што значи, работите мора да се поттурнат во спротивно остануваме на Балканските меѓници кои не се ништо подобри од 1991 година.

П.С. Но наместо во Брисел каде отидоа моите соработници, јас се наоѓам во Истанбул некогашниот центар на источната цивилизација од каде можам да потврдам дека медицината како професионална услуга од најсофистициран карактер е изедначена со Западната веќе докажана технологија. И единствено што можам да кажам е тоа дека она што требаше да го договорам во Брисел – на дело го видов во Истанбул“.

Слични содржини