151
Најмалку три жени се убиени, а четири лица се ранети кога маж извадил пиштол и отворил оган за време на состанок на станари во Рим, јавија денеска италијанските медиуми.
Извештаите велат дека 57-годишниот маж бил уапсен по пукањето, кое се случило во бар во областа Фидене, каде што се одржувал состанок на станари, објави „Ројтерс“.
„Влезе во просторијата, ја затвори вратата и извика: ‘Сите ќе ве убијам!’, а потоа почна да пука“, ја пренесе „Анса“, изјавата на сведок.