Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека клучното прашање е кој од петте потпишани договори ќе го почитуваат Приштина и „оние кои ѝ помагаат“.
Тој нагласи дека ден пред апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ, Курти изјавил дека барањата за формирање на ЗСО биле детски.
„(Аналена) Бербок рече дека некој ги намалил тензиите затоа што ги одложил изборите, замислете го тоа лицемерие. Таа вечер упаднавте со специјалци и сакавте да ги заземете општинските изборни комисии… Знаевте дека нема да има избори, но сакавте насилно да ги нападнете Србите… Така ја уништуваа Република Српска затоа што им одговараше тоа“, изјави Вучиќ.
Тој нагласи дека клучното прашање е поврзано со потпишаните документи:
„Пред нив ќе презентирам пет важни документи, кажете кои сакате да ги почитуваме, еве ви шведска маса – изберете дали сакате да го почитувате Кумановскиот договор, Повелбата на ОН, Резолуцијата 1244, Бриселскиот или Вашингтонскиот договор. Кажете ни, што сакате да почитувате, ниту еден од петте не го почитуваат Приштина ниту оние кои им помагаат, ниту еден“, рече Вучиќ.
„Барате од нас да разговараме, да преговараме, а потоа Бриселскиот договор не важи, делот што Албанците не сакаат да го спроведат во дело, па Бербок вели дека нема влада во Приштина која ќе создаде ЗСО“, посочи Вучиќ.
Тој не сакаше да ја коментира изјавата на специјалниот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, кој ги повика Белград и Приштина да ја деескалираат ситуацијата на северот на Косово, каде косовските Срби од саботата ги блокираат патиштата поради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ.
„Се плашам дека оваа реакција е последица на нападот што го доживеа кога го означи виновникот за пропаѓањето на преговорите во Брисел“, изјави Вучиќ.
Тој нагласи дека Србија прави се за да го зачува мирот и дека вчера на седницата на Советот за национална безбедност работеле цел ден додека не се осигурале дека нема да влезат да ги рушат барикадите.
„Апелираме да се ослободат невините Срби, да не се испраќа полиција со долги цевки, тие немаат ниту една можност да го направат тоа, не сакаме конфликт, тоа не ни треба, рече Вучиќ.
„Верувам дека ќе го зачуваме мирот и ќе дадеме се од себе да го направиме тоа“, рече претседателот.
Тој го повика српскиот народ на кој било начин да не ги загрозува КФОР и ЕУЛЕКС, „да не им дава муниција во рацете на оние кои би ги прикажале како виновни за било што“.
Најави дека в четврток, по седницата на Владата, ќе биде испратено барање до командантот на КФОР за да се овозможи враќање на српските воени и полициски сили на Косово и дека тоа е причината што тој се уште не одговорил на тоа.
„За малку ќе заплачев вчера“
Вучиќ истакна и дека по вчерашната седница на Советот е горд на нашите вооружени сили во нивната одлука да се стават на располагање на татковината.
Очекуваме во време на криза да имаме четири отсто од оние што „разрешуваат“ од вооружените сили, рече Вучиќ и додаде дека тоа го направиле поединци кои ги користеле високите плати во одредени специјални единици за да можат да живеат добро.
„Овој пат, вчера, гледајќи ги припадниците на вооружените сили, за малку ќе заплачев… Нема врска со Косово и не знам зошто, бев пресреќен кога видов такво единство, одлучност и желба да ја извршат секоја задача што им ја поставил државниот врв. Сакам да им кажам големо благодарам“, додаде тој.