Зеленски: Тоа што нема масовни удари е доказ дека Русија се подготвува за нив

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Фактот што во моментов нема масовни ракетни напади врз Украина укажува на тоа дека Русија се подготвува за нив и дека може да нападне во секој момент, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Тој во видео обраќање рече дека Украина максимално го обновува енергетскиот систем по секој руски удар, пренесува „Укринформ“.

Оцени дека Русија не се откажала од, како што рече, „терористичката тактика“ и дека се уште се надева дека струјата целосно ќе исчезне во Украина.

„Затоа, сè додека тие имаат проектили – а Русија сè уште ги има – ве замолувам сериозно да ги сфатите сите предупредувања на командата на украинската војска, нашите воздушни сили и предупредувањата за воздушни напади“, рече Зеленски.

Слични содржини