Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска ја повика ЕУ да помогне Дејан Пантиќ да биде ослободен од притвор, наведувајќи дека е „загрозена од тоа што му се случува“.
Одговарајќи на новинарски прашања по состанокот организиран од Американската стопанска комора во Србија, Брнабиќ потсети дека во последно време имало неколку вакви апсења на невини луѓе и оцени дека кризата во покраината ја предизвикал Албин Курти за да изврши притисок врз Белград.
Синот на уапсениот Дејан Пантиќ бара да му бидат доставени лекови на татко му
Предраг Пантиќ, синот на уапсениот Дејан Пантиќ, денеска апелираше до сите кои можат да влијаат да му се доставуваат лекови на неговиот татко и да му се дозволи на семејството да разговара со него.
Синот на уапсениот Пантиќ изјави дека четири дена безуспешно се обидуваат на кој било начин да му достават лекови, но дека, како што рече, никој не ги слуша.
„Само нека му бидат доставени лековите затоа што е сериозен срцев пациент. Има проблеми со притисок, срцева слабост, пред неколку месеци му е вграден стент. Бараме да прими терапија“, апелира Предраг Пантиќ во видео порака.