Состојбата во Украина ги разниша темелите на глобалниот систем, Анкара продолжува да разговара со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Владимир Зеленски, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Според него, Турција прави напори да ги запре воените операции.
„Видовме дека патот кон мирот може да се отвори благодарение на договорот за жито и размената на затвореници. Нашите преговори со Путин и Зеленски продолжуваат“, рече тој.
Говорејќи на трилатералниот самит со лидерите на Азербејџан и Туркменистан во Аваз, тој посочи дека негативните последици од руско-украинскиот конфликт се видливи „во многу области“.