Не престануваат заканите за бомби, денеска и во основни училишта

од Nikola Popovski
195 прегледи

Денеска на адресите на повеќе основни училишта пристигнаа дојави за бомби. Според информациите, станува збор за училишта претежно на територија на општина Аеродром, како што се „Љубен Лапе“, „Браќа Миладиновци“, „Александар Македонски“, „Лазо Ангеловски“, „Димитар Македонски“…

Учениците и вработените се евакуирани, а полицијата е на терен и врши антитерористички проверки.

Се поизвесно е дека нема да продолжи наставата во првата смена во засегнатите училишта.

Во текот на вчерашниот ден имаше 15 закани на адресите на училишта, што беше најголем број на дојави за еден ден.

Средни и основни училишта, трговски центри, станбени згради, министерства и други институции речиси три месеци се цел на лажни дојави за поставени бомби. Првата дојава беше регистрирана на 26-ти октомври кога во земјава пристигна шефицата на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен и оттогаш речиси по две-три дојави на неделно ниво се испраќаат во образовните установи или во некој трговските центри.

Сите закани досега беа утврдени како лажни.

Слични содржини