Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски информираше дека можно е да има одредено намалување на сметките за струја за домаќинствата и граѓаните кои се во првиот и вториот тарифен блок.
-Можно е да има одреден процент на намалување на сметката за струја, за сметка на граѓаните од четвриот блок, кој што трошат најмногу енергија и најмногу капацитет. Мора да се има баланс и социјална правда – тие што имаат помали примања, да плаќаат помали сметки. Исто така Владата прави напор во делот на малите потрошувачи да има намалување на цената на електрична енергија. Тоа се оние 65 илјади субјекти на регулираниот пазар, а имаме информација дека 7.000 правни субјекти веќе затвориле. Треба да се помогне на таа категорија на потрошувачи, тука ќе има значително намалување на цената, најави Ковачевски.