Градот Херсон целосно без струја поради руските напади, загинаа две лица

од Stefanija Kuzmanovska
163 прегледи

Украинскиот град Херсон, кој украинските сили неодамна го вратија од Русите, денеска остана „целосно“ без струја поради силниот руски напад врз основната инфраструктура, изјави регионалниот гувернер Јарослав Јанушевич.

Украинските власти информираат дека две лица загинале денеска во руските напади врз центарот на Херсон.

Херсон редовно беше цел на Русите откако беше повторно преземен од Украинците пред еден месец.

Според украинските медиуми, градот денеска бил три пати цел на напад.

Во вчерашниот напад на седиштето на подрачната управа повредени се шест лица, соопштија локалните власти.

Поради речиси секојдневните напади и многу тешките услови за живот, властите ги повикуваат жителите на Херсон да се евакуираат во побезбедни области, изјави регионалниот функционер Јуриј Соболевски.

Тој рече дека стотици луѓе го напуштаат Херсон секој ден. Вкупно, околу 11.000 жители го напуштија градот откако украинските власти повикаа на доброволна евакуација по враќањето на градот.

Слични содржини