За 50% зголемена ефикасноста во откривањето на корупцијата, изјави Спасовски

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Оваа година имаме зголемување за 50% во делот на ефикасноста на откривањето на корупцијата. Откако е преземена власта во 2017 година, не постоеше никаков механизам за започнување на финансиски истраги и конфискација на имот на тоа што е стекнато на незаконит начин, изјави МБР Оливер Спасовски во интервју за ТВ Клан.

„Во тој период сме имале само три случаи на конфискација на имот, зборувам од 1990 до 2020 година. Сега имаме паралелни финансиски истраги, формиравме посебен Оддел за финансиски истраги во рамките на Одделот за организиран криминал и корупција. На тоа сме насочени да работиме заедно со Јавното обвинителство. Формиравме Национален центар за борба против организиран криминал со седиште во МВР, во коешто се повеќе институции, заедно се работи и тие ги даваат резултатите и ефектите“, посочи тој.

Слични содржини