153
Руските сили утринава извршија ракетен напад врз неколку украински градови и области, а во некои делови од земјата дојде до дополнителни проблеми во снабдувањето со електрична енергија.
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, соопшти дека тој град е целосно без струја, а прекинато е и снабдувањето со електрична енергија во Полтава, пренесува „Интерфакс Украина“.