Ниту сум учествувал, ниту сум се мешал во одлуки на Судскиот совет, вели Спасовски за изјавата на Русковска

од Nikola Popovski
230 прегледи

Јас во ниту еден момент не можам да бидам дел од процес за кој што не сум надлежен, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за новинарите запрашан како ја коментира вчерашната изјава на поранешната шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Вилма Русковска дека врз нејзината суспензија од работата влијаел предметот со станицата за технички преглед „Виа комерц“ каде што „зелено светло“ добил автобусот на „Беса транс“ кој изгоре во Бугарија и загинаа 45 лица.

Тој истакна дека ниту учествувал или разговарал, ниту сака да се меша во одлуки кои ги носат Советот на јавни обвинители или Судскиот совет.

-Тие се власти кои што треба да бидат независни и посебно во тој дел не гледа никаква моја одлука, рече Спасовски при посетата на Секторот за внатрешни работи Тетово.

Русковска во гостувањето на подкастот на ИРЛ кажа дека врз нејзината суспензија влијаеле три предмети меѓу кои и гореспоменатиот.

-Мене ме суспендираа, затоа што јас не прифаќав притисоци и влијанија. Пријавата се однесуваше на тоа, некаде околу 12-13 јули 2021 година одговорните за управни работи извршиле контрола на станицата за технички преголед, констатирале неправилности, изготвиле решение за затворање на станицата, а решението е потпишано три дена по несреќата (несреќата се случи на 23 ноември 2021 година, нов. заб.). Според закон требало да биде потпишано во рок од 15 дена, рече Рускоска во подкастот и потврди дека таа инспекција ја води МВР, а решението го потпишува министерот.

Слични содржини