Кичевски: ВМРО-ДПМНЕ за Арсовска зборуваше дека e мајка на градот, а сега бараaт доказ за добра психофизичка состојба

од Nikola Popovski
194 прегледи

Претседателот на градската огранизација на СДСМ – Скопје, Васко Кичевски денеска порача дека се страшни и скандалозни заканите и навредите што произлегоа од кавгата меѓу лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски и градоначалничката Данела Арсовска.

-До пред само неколку месеци, ВМРО-ДПМНЕ за Арсовска зборуваше дека е најдобрата градоначалничка, дека е мајка на градот, а сега оваа партија бара доказ дека Арсовска е во добра психофизичка состојба. Начинот на комуникација меѓу Арсовска и Мицкоски покажува зошто ништо во Град Скопје не функционира, истакнува Кичевски.

Според него, СДСМ прави се за да ги реши проблемите на скопјани.

-Благодарение на одговорниот и чесен пристап на претседателот Ковачевски, блокадите на скопските улици се отстранети и дадена е шанса преку дијалог да дојдат до решение. Единствено во премиерот Ковачевски, граѓаните гледаат сериозен партнер и човек кој се грижи за нив. Скопје и неговите граѓани, не заслужуваат да бидат заложници на кавгите на Мицкоски и Арсовска, кажа Кичевски на прес-конференција во седиштето на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека „Арсовска само навредува, омаловажува, болно лаже или едноставно измислува, се однесува неурамнотежено“.

-Оттука јасно е дека ваква личност не може да извршува јавна функција и потребно е вештачење да се утврди дали  Арсовска е во состојба да го води градот, побараа од најголемата опозициска партија.

Градоначалничката пред два дена обелодени дека имала закани од еден ист центар и посочи дека со истото се соочиле повеќе лица.

„Јас да, сум имала закани од Христијан Мицкоски и тоа конкретно, лично и директно. Кога ќе бидам премиер, ќе те влечеме по улиците, ќе го бришеме подот со тебе“, кажа Арсовска во гостување на дебатна емисија.

Слични содржини