Велешката полиција го пронајде возилото „мерцедес“ со велешки регистарски таблички, а сè уште трага по 29-годишниот А.Н. кој е осомничен дека доцна синоќа околу 22:15 часот на пешачки премин во Велес удри во мајката Е.И (43) и дете при што 11-годишното девојче загина.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патнички автомобил кој се движел со голема брзина, на пешачки премин удрил во две лица – мајка и ќерка кои се наоѓале на крајот од преминот за да се качат на тротоар.
Единаесетгодишното девојче починало на местото на несреќата, додека мајката се здобила со тешка телесна повреда.
Возачот кој што ја предизвикал сообраќајната несреќа воопшто не запрел, туку со голема брзина го напуштил местото на настанот.
Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и екипа на СВР Велес.