Мицкоски: Осудените за „27-ми април“ се чесни луѓе и патриоти

од Nikola Popovski
221 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека Обвинителството во земјава е заробено и партизирано.

Тој зборуваше и за осудените за настаните од 27 април 2017 година и упадот во Собранието.

-Додека имате чесни луѓе и патриоти осудени за 27-ми април, нешто што е надвор од принцпите на здравата логика за нешто што не го сториле, да седат со години во затвор – од друга страна имате докажани криминалци и нарко-банки кои што се шетаат слободно. Тоа е поради таа непринципиелна коалиција која ја има владата со криминалот и притисокот кој го врши на октроираните обвинители и судии. Луѓе кои што си ја сакаат оваа држава, поради измислени предмети и дела, се држат повеќе од 5 години во зандана, рече Мицкоски при посетата на општина Свети Николе.

Поранешните функционери Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски добија затворски казни од вкупно 25 години за организирање на настаните од 27 април 2017 година. Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски е неправосилно осуден на шест и пол години затвор, екс-министрите Миле Јанакиески и Спире Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски е осуден на 6 години затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Осудени се Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Анѓеловски, Игор Југ, Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски Никола Митревски-Кољо и Александар Василевски-Нинџа.