Колева: Симптоматично е што ВМРО-ДПМНЕ не учествувало во ниту една државотворна одлука

од Vladimir Zorba
148 прегледи

„Симптоматично ми е што како партија, ВМРО-ДПМНЕ не учествувало во ниту една државотворна одлука, никогаш немале став“ изјави пратеничката Даниела Колева во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.

Таа додаде дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ немаше став за референдумот, го бојкотираше пописот и не се израдува кога влеговме во НАТО.

„Прашањата за идентитетот никогаш не биле на маса во разговорите со Бугарија. Црвените линии на државата ги исцртавме заедно сите партии во Собранието со изгласување на Декларацијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, опозицијата последната година постојано шири паника и хистерија“ рече Колева.

Пратеничката кажа дека владејачкото мнозинство и Владата ги знаат и почитуваат изгласаните црвени линии, но доколку ВМРО-ДПМНЕ не ги знае, ќе треба внатрешно да се преиспитаат.

Слични содржини