Во митологијата, човекот кој носи прстен на палецот се сметал за богат и моќен, а ако носите прстен на малиот прст, свесно испраќате порака дека сте поинакви.
На палецот
Палецот обично се поврзува со личното богатство. Прстените на палецот обично имаат поголеми размери од прстените на другите прсти, па се смета дека со носење прстен на палецот, луѓето испраќаат порака за сила и богатство. Во митологијата, прстенот на палецот обично се поврзува со силниот карактер на оној што го носи.
На показалецот
Прстенот на показалецот најчесто го носат луѓе кои се ориентирани кон традицијата, а тоа го поткрепува и фактот што на показалецот најчесто се носат семејни прстени или прстени од разни општества и братства. Бидејќи показалецот е најзабележлив од сите прсти (го користиме често), луѓето често носат подебели прстени со шарени украси.
На средниот прст
Носењето прстен на овој прст покажува дека сте во склад со себе и се чувствувате удобно во многубројните улоги во животот. На овој прст најчесто се носат невообичаени „statement“ прстени, што е порака сама по себе.
На прстот до малиот прст
На овој прст најчесто се носи венчален или веренички прстен. Често се поврзува со Месечината, убавината и креативноста, како и љубовта. Бидејќи металот на Месечината е сребро, некако природно е овој прст да избира сребрени прстени со романтични детали.