Прстен вреден 750.000 евра кој исчезнал од хотелска соба пронајден на најнеобично место

од Stefanija Kuzmanovska

Во правосмукалка е пронајден прстен вреден 750.000 евра кој исчезнал во хотелот Риц во Париз, пишува Би-Би-Си.

Сопственичката, бизнисменка од Малезија и гостинка на хотелот, го пријавила исчезнувањето во полиција, сомневајќи се дека го украл некој од вработените.

Обезбедувањето на хотелот го пронашло прстенот меѓу прашината во правосмукалка во неделата, објави весникот „Ле Паризиен“.

Во меѓувреме, гостинката заминала за Лондон, но ќе се врати во Париз.

На полицајците им рекла дека прстенот го оставила на масата во својата соба во петокот, а кога по неколку часа се вратила од купување, го немало.

Додека не се врати во Париз, прстенот ќе го обезбедува полицијата, јавува Би-Би-Си.

Слични содржини