Украинка расклопила урнат проектил и останала шокирана: Еве кој масовно ја вооружува Русија

од Nikola Popovski

Младата украинска инспекторка за оружје, Кристина Кимачук, била известена на 2 јануари дека проектил со необичен изглед удрил во зграда во Харков. Таа почнала да ги бара своите контакти во украинската војска, со оглед дека сакала да го истражува проектилот. За една недела, на безбедна локација во Киев, пред себе имала фрагменти од руското оружје.

Таа почна да го расклопува и да го фотографира секој дел, вклучително и завртки и компјутерски чипови помали од нејзините нокти. Речиси веднаш можела да каже дека не се работи за руски проектил, но предизвикот и бил да го докаже тоа, пишува „Би-Би-Си“.

Во купот метал и жици, Кимачук забележала мал знак од корејската азбука. Тогаш наишла на уште позначаен детал. Бројот 112 бил втиснат на делови од проектилот. Тоа одговарало на 2023 година во севернокорејскиот календар, по што сфатила дека ги гледа првите цврсти докази дека севернокорејско оружје било користено за напад на нејзината земја, пренесува „Т-портал“.

„Слушнавме дека испорачуваат оружје во Русија, но јас можев да го видам, допрам и да го истражам на начин кој досега никој не можеше. Ова беше многу возбудливо“, изјавила Кимачук. Оттогаш, Русија истрела десетици севернокорејски ракети, велат од украинската војска. Убиле најмалку 24 луѓе, а раниле повеќе од 70.

И покрај сите неодамнешни разговори за Ким Џонг-Ун кој се подготвува да започне нуклеарна војна, непосредна закана сега е способноста на Северна Кореја да ги поттикне постоечките војни и да ја поттикне глобалната нестабилност, пишуваат „Би-Би-Си“.

Кимачук работи за „Conflict Armament Research“ (CAR), организација која наоѓа оружје што се користи во војна за да открие како е направено. Но, дури откако таа заврши со фотографирањето на остатоците од проектилот, а нејзиниот тим анализираше стотици негови компоненти, дојде до неверојатното откритие.

„Ова беше најголемото изненадување. И покрај тоа што е под строги санкции речиси две децении, Северна Кореја сè уште успева да добие се што и е потребно за производство на оружје и тоа со извонредна брзина“, изјавил Демиен Сплетерс, заменик директор на „CAR“. Џозеф Бирн, експерт за Северна Кореја во тинк-тенкот при „Royal United Services Institute“(RUSI) во Лондон, бил подеднакво вчудоневиден.

„Никогаш не мислев дека ќе видам дека севернокорејските балистички ракети се користат за убивање луѓе на европско тло“, рекол тој. Бирн и неговиот тим во „RUSI“ ја следат пратката на севернокорејско оружје во Русија откако Ким се сретна со неговиот руски колега Владимир Путин во Русија минатиот септември за да ја договори испораката.

Слични содржини