Норис: Горд сум, конечно победив во Формула 1

од Vladimir Zorba

Британскиот возач на Мекларен Ландо Норис изјави дека е среќен за првата победа во кариерата во шампионатот во Формула 1 и додаде дека е горд на својот тим, пренесe Би-би-си.

Норис синоќа на Големата награда на Мајами ја оствари првата победа во кариерата во Ф1.

„Долг ден, тешка трка. Конечно сум на врвот, воодушевен сум. Помина долго време. Можев да го направам тоа. Многу сум среќен за тимот. Конечно успеав да му донесам победа“, изјави Норис по трката.

Слични содржини