Блант: Сакав да повртам откако бакнав некои актери

од Vladimir Zorba

Познатата холивудска актерка Емили Блант изјави дека и се слошило откако се бакнала со некои од нејзините колеги.

Таа во неделата во познатата радио емисија на новинарот Хауард Стерн беше запрашана дали некогаш „и дошло да поврати“ откако се бакнала со актер, а во врска со неодамнешната изјава на актерката Ен Хатавеј дека од неа побарале да бакне повеќе од 10 актери по ред за режисерите да проценат дали меѓу нив „има хемија“.

„Апсолутно“, одговори Блант, додавајќи дека „развила техники“ за бакнување актери кои не ги привлекува, но исто така истакна дека имала добри искуства со некои актери, вклучувајќи ги Двејн Џонсон, Роберт Дауни Џуниор, Мет Дејмон и Килијан Марфи, пренесе британски „Тајмс“.

Слични содржини