ГЕРМАНИЈА ВО ШОК: 17-годишен тинејџер претепа политичар од СПД

од Vladimir Zorba

17-годишен тинејџер им се предаде на германските власти во неделата, тврдејќи дека тој е еден од сторителите на насилниот напад извршен во петокот врз претставник на социјалдемократите и главен кандидат на социјалдемократите на претстојните европски избори настан кој ја шокираше земјата, објави германската полиција, а пренесе германската новинска агенција (dpa).

Младиот човек и се предал на полицијата во Дрезден, тврдејќи дека е „напаѓачот кој го удри политичарот на СПД“, партијата на канцеларот Олаф Шолц, додека тој лепеше плакати за јунските европски избори во една област во Дрезден, соопшти полицијата во изјава.

Матијас Еке, шеф на листата на СПД во провинцијата Саксонија на изборите во јуни, беше претепан од четворица странци на улица во Дрезден, при што политичарот се здоби со скршеници и веднаш по нападот паднал во несвест.

Во соопштението на неговата партија се наведува дека 41-годишниот политичар бил хоспитализиран и опериран.

Непосредно пред овој напад, со жестоки „удари и клоци“ бил претепан и 28-годишен маж кој лепел плакати на партијата на Зелените на истата улица во Дрезден“, соопшти полицијата, додавајќи дека се сомнева во истата група напаѓачи. .

Во саботата, германскиот канцелар Олаф Шолц го осуди нападот врз Еке, велејќи дека нападите врз пратениците ја „загрозуваат“ демократијата. Тој нагласи дека „никогаш не треба да се прифаќаат такви насилни акти“.

Во четвртокот вечерта во западниот германски град Есен беа нападнати двајца парламентарни претставници на Зелените, коалициската партија на СПД. Претставникот на Бундестагот, Каи Геринг од Партијата на Зелените и неговиот партиски колега Ролф Флис беа нападнати по партиски собир.

Минатата сабота, по јавен настан во источна Германија, десетици демонстранти ја нападнаа потпретседателката на Бундестагот, Катрин Геринг-Екард, член на Зелените.

Според весникот „Тагесшпигел“, германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, планира да свика специјална конференција со колегите од сите региони во земјата за заеднички да се справи со насилството врз пратениците.

Според податоците на полицијата, во 2023 година во Германија биле извршени 2.790 злосторства над политичари, наспроти 1.806 претходната година, но во 2021 година, годината на парламентарните избори, биле извршени 2.840.

Слични содржини