Ескобар: Северна Македонија е пример во регионот, оптимист сум за преговорите со ЕУ

од Nikola Popovski
210 прегледи

Заменик помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар повторно порача дека би сакал да види „повеќе Европа кон Западен Балкан, сеедно дали ќе им дозволат место на масата додека ги затвораат поглавјата“.

Тој побара поголемо учество на земјите од Западен Балкан во европските структури.

-Дефинитивно ни треба повеќе Европа и повеќе САД во регионот. Многу сум оптимистичен за пристапните преговори на Северна Македонија, ако погледнете како земјата се справи со кандидатурата. Таа е пример во регионот. Секогаш истакнувам дека во регион во кој има предизвици, интер и мултиетнички релации и мултиетничко управување, Северна Македонија се истакнува како многу добар пример како мултиетничка граѓанска држава и служи како пример за другите држави кои се соочуваат со истите прашања, вели Ескобар во интервју за Атлантскиот совет дадено на почетокот од месецот.

Тој додава дека С. Македонија сторила се за да се отвори првата врата од пристапните преговори со Унијата.

-Верувам дека оваа Влада има волја, дека луѓето во Северна Македонија имаат капацитет да го сторат тоа што е потребно да станат полноправна членка на ЕУ, потенцира Ескобар.

Слични содржини