Партијата на пензионери со поддршка за говорот на Пендаровски во делот на борбата против корупцијата

од Nikola Popovski
396 прегледи

Партијата на пензионери (ПП) дава подршка на ставовите, заклучоците и заложбите на претседателот Стево Пендаровски, искажани во неговото годишно обраќање во Собранието на Република Северна Македонија, во врска со состојбите во земјата во изминатата година, а особено за загрижувачката неефикасност и стерилност на нашиот правосуден систем во спротивставување на корупцијата, која долгорочно ги уништува перспективите на земјата во сите области на живеење. 

Партијата оценува дека Пендаровски, во своето обраќање во Собранието искрено, јасно, конкретно, прецизно, политички коректно и во рамки на своите уставни надлежности ги презентира личните ставови за состојбите во земјата во изминатата година и своите заложби и очекувања за нивно надминување.

-За ПП особено е значајна иницијативата на претседателот да ја потенцира својата загриженост во врска со распространетоста на корупцијата на сите нивоа во земјата, како и продолжувањето на неефикасноста, неподготвеноста и стерилноста на нашиот правосуден систем, што резултира со засрамувачки ниската доверба на граѓаните кон правосудните органи.

Во врска со тоа ПП забележува дека претседателот отворено се залага за итна, неодложна и бескомпромисна разврска на посочените состојби, со укажување на потребата од вклучување на сите чинители и сите граѓани во општеството, заради создавање амбиент за позитивни промени и успешен напредок на земјата во сите области на живеење, стои во соопштението на партијата.

Слични содржини