Битиќи: Им го олеснивме на сите граѓани товарот на скапата струја, ги субвенционираме

од Stefanija Kuzmanovska
160 прегледи

Македонија дефинитивно оди во вистинска насока одбирајќи го патот кон ЕУ, наведе вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во интервју за „Фронтлајн“.

Битиќи потсети дека Владата обезбеди струја и покрај енергетска криза и наспроти сите сомнежи дека ќе нема да можат да испорачаат.

„Осигуравме електрична енергија, осигуравме топлинска енергија за цел град Скопје, не дозволувајќи граѓаните да останат со студени радијатори. И она што е многу важно, им го олеснивме на сите граѓани товарот на скапата струја да не паден врз нив, туку ги субвенционираме. Секој граѓанин во државата, еден милион осумстотини триесет и шест илјади попишани наши сограѓани добиваат по 6.800 денари за 2022 година или по 21.000 по семејство субвенционирана струја. Некој ќе рече зошто не е по 1.000 евра, затоа што таква е нашата структура толку е нашиот фискален капацитет“, потсетува Битиќи.

Но не беа заборавени и компаниите, вели тој. За само три години биле подржани 600 компании, домашни и странски.

„Ние ги поддржуваме компаниите за да генерираат нови работни места и подобро платени работни места. Ние не правиме компромис меѓу бизнисот и работниците. Ние сме социјалдемократска Влада, за нас животниот стандард на работниците е на прво место“, истакна Битиќи.

Слични содржини