161 санкционирани возачи во Скопје за едно деноноќие

од Radmila Tasevska
180 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за користење мобилен телефон.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Слични содржини